More

    Рускиот обвинител бара највисока казна за американската кошаркарка Грајнер

    spot_img

    Руското обвинителство денеска пред судот во Химки побара казна затвор од девет и пол години за американската кошаркарка Бритни Грајнер за поседување канабис, пренсе Бета.

    Судењето завршува речиси 6 месеци по апсењето на кошаркарката на московскиот аеродром и последователниот притвор.

    Кошаркарката на Феникс Меркјури се соочува со затворска казна до 10 години. Виновната пресуда изгледа речиси сигурна, со оглед на тоа што Грејнер призна дека во багажот имала електронски цигари полни со масло од канабис.

    За време на судењето, адвокатите на двократната олимписка шампионка го повторија нејзиното тврдење дека немала криминални намери и дека маслото од канабис влегло во торбата бидејќи брзо се пакувала.

    Тие како сведоци ги повикаа членовите на нејзиниот руски клуб, за кој таа игра во вонсезоната во НБА, кои зборуваа за нејзиниот карактер и приложија писмено сведочење од лекар кој рече дека и препишал канабис за нејзината болка.

    Исто така, беше кажано дека Грејнер ненамерно го донела маслото во Русија, бидејќи го користела како лек додека престојувала во Аризона, каде што марихуаната е легализирана за медицински цели.

    Обвинителот Николај Власенко изјави дека кошаркарката намерно донел канабис во Русија. Не се знае кога ќе биде изречена пресудата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img