More

    Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пристигна во Египет во рамките на неговата африканска турнеја

    spot_img

    Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пристигна во Каиро на разговори со египетските власти, додека неговата земја се обидува да стави крај на дипломатската изолација и западните санкции поради инвазијата на Украина.

    Лавров доцна вчера пристигна во Каиро во првиот дел од својата африканска турнеја, во чии рамки ќе ги посети и Етиопија, Уганда и Демократска Република Конго, јавува руската државна телевизија РТ.

    Лавров утрово ќе започне разговори со египетскиот министер за надворешни работи Самех Амех Шукри, соопшти египетското Министерство.

    Рускиот министер за надворешни работи подоцна денеска треба да се сретне со генералниот секретар на Арапската лига, Ахмед Абул Геита. Тој ќе се обрати и пред постојаните претставници на таа панарапска организација, пренесе РТ.

    Египет, најнаселената земја во арапскиот свет, одбива да заземе страна од почетокот на воените операции во Украина во февруари и одржува блиски врски со Москва и Западот. Египет е меѓу најголемите увозници на жито во светот, а голем дел доаѓа од Русија и Украина.

    Египетскиот претседател Абдел Фатах Ел Сиси изгради блиски лични односи со рускиот претседател Владимир Путин. Двајцата лидери значително ги зајакнаа билатералните односи во последните неколку години, пренесува АП.

    Посетата на Лавров на Каиро доаѓа откако руската државна компанија за атомска енергија Росатом минатата недела започна со изградба на нуклеарна централа со четири реактори во Египет. Локалните медиуми ја процениле вредноста на проектот на 25 милијарди евра.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img