More

    Рускиот бизнисмен сакал да гради куќа, купил плац од 10.000 квадрати

    spot_img

    Рускиот бизнисмен и почесен конзул на Русија во Битола, Сергеј Самсонеко сведочеше на денешното рочиште за случајот „Плацови на Водно“, при што посочи дека неговата сопруга е сопственик на фирмата „Лајв кер центар“, која го поседува плацот од 10.000 квадратни метри, купен од Јордан Камчев.

    – Тоа е моја фирма која е купена на име на жена ми по моја наредба. Веројатно не сум бил тука или нешто друго технички, па затоа на нејзино име ја купив. Нема сопственост ништо освен плац од 10 000 квадрати.  Јас некое време барав голем плац за да изградам куќа за мојата фамилија за живеење. Не можев да најдам тоа што ми треба затоа што барав над 5000 квадрати. И Орце Камчев ми го предложи овој плац како една од варијантите. Јас разгледував неколку варијанти и ја одбрав оваа, се договоривме во 2017 или 2018 година. Го платив 110 милиони денари. Уште нема пат, има блокада, ги трпам штетите од блокадата. Не можам да го продадам, ниту да го дадам под закуп – изјави Самсоненко, кој беше сослушан по предлог на обвинетиот Камчев.

    Покрај Самсоненко сведочеше и сопственикот на „Супер трејд“, бизнисменот Владимир Стаиќ, кој купил друг плац од „Лајв кеар центар“, во 2018 година, односно пред фирмата да ја купи семејството на Самсоненко.

    Стаиќ кажа дека плацот го купил од Камчев со намера да изгради куќа за да живее во неа или да изгради па да го препродаде. Досега не изградил, зашто тој период купувал и градел бензиски пумпи, а потоа почнала пандемијата. Плаќањето, истакна тој, било законски како што договориле правните тимови во договорот за купопродажба.

    Тој негираше дека го познавал Никола Груевски, потенцирајќи дека никогаш во животот не се запознал со поранешниот премиер.

    Со овие сведоци, одбраната сака да докаже дека плацевите се легално купени и продадени, наспроти обвинителството кое тврди дека Груевски е вистински сопственик на земјиштето, но со префрлање на сопственоста од една на друга фирма се криел вистинскиот сопственик.

    Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.

    Според обвинението за случајот „Плацови на Водно“, поранешниот премиер Никола Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот“, Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари“, а поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img