More

    Руската црква ја признава само СПЦ во Македонија

    spot_img

    Откако денеска Вселенската патријаршија ја призна за канонска и ја отстрани повеќедецинската шизма наложена врз Охридската архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ, Руската православна црква (РПЦ) излезе со став дека ги признава само канонските права на Српската православна црква (СПЦ) во Северна Македонија.

    – Руската православна црква ги признава исклучителните канонски права на СПЦ во Северна Македонија. Ставот на РПЦ, пред сѐ, ќе го земе предвид пристапот на тој проблем на Српската црква, на која и натаму ѝ ги признаваме исклучителните канонски права во Северна Македонија – изјави секретарот на Одделението за надворешни црковни врски на Московската патријаршија, протоереј Игор Јакимчук.

    Од Вселенската патријаршија, по денешното заседание на Светиот Синод соопштија дека одлучиле да ја отстранат повеќедецениската шизма наложена врз Охридската архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ, односно да ја признаат црковната јерархија предвоена од архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет и да се воспостави канонско и литургиско општење со неа.

    Вселенската патријаршија ја призна независноста на Украинската православна црква во 2019 година, додека Русија не ја признава нејзината автокефалност.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img