More

    Руската Федерација одбива да им врати на западни лизинг компании над 500 авиони во вредност од 20 милијарди долари,

    spot_img

    Европа нема да може да најде замена за рускиот гас во следните 5 години, изјави потпретседателот на руската влада Александар Новак во интервју за „Русија 1“.

    – Проценете сами: што се однесува до гасната индустрија, ние испорачуваме околу 200 милијарди кубни метри гас, додека Европа троши 500 милијарди кубни метри – речиси 60 отсто од извозот. Дефинитивно нема што да го замени за 1 или за 3 или 5 години – рече Новак.

    Тој додаде дека „се е можно во овој живот, но целосното отфрлање на руската енергија од Европа е еден вид апокалиптично сценарио“.

    Ви меѓувреме земјите увознички на енергенси од Руија не знаат како ќе изгледа плаќањето на набавките во рубљи.

    Јапонскиот министерот за финансии Шуничи Сузуки изјави дека сè уште не е сигурно како Русија ќе го спроведе своето барање за плаѓање во рубљи за нејзината енергија продадена на „непријателските“ земји.

    – Моментално ја истражуваме ситуацијата со релевантните министерства бидејќи не разбираме точно која е намерата (на Русија) и како би го направила тоа – рече министерот Сузуки на парламентарната седница.

    Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека ќе бара исплата во рубљи за продажба на гас на „непријателските“ земји, вклучително и Јапонија, по санкциите на Западот против неговата инвазија на Украина.

    Сузуки рече дека владата внимателно ќе ги следи „нус појавите“ од нејзините санкции насочени кон Русија врз јапонската економија и финансиските пазари и ќе преземе соодветни чекори во координација со Г7 и меѓународната заедница.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img