More

    Руската инвазија предизвика загуба од над 97 милијарди долари

    spot_img

    Руската инвазија врз Украина до 1 јуни предизвика директна штета поголема од 97 милијарди долари. Но, обновата на земјата може да чини близу 350 милијарди долари, покажа извештајот на Светска банка, украинската Влада и Европската комисија, објавен денеска.

    Како што се наведува, Украина претрпе загуба од 252 милијарди долари поради нарушувања во економските текови и производството, како и дополнителни трошоци поврзани со војната.

    Се очекува раселувањето на една третина од вкупното население на Украина, стапката на сиромаштија да ја зголеми на 21 од двата отсто пред војната.

    Во извештајот се проценува дека до 1 јуни, потребата за украинска обнова достигна 349 милијарди долари. Тоа е околу 1,6 од бруто домашниот производ на земјата од 200 милијарди долари во 2021 година.

    Од таа сума, 105 милијарди долари е потребно краткорочно за решавање итни приоритети, како на пример повторна изградба на илјадници оштетени или уништени училишта и над 500 болници. Исто така, потребно е подготвување за најверојатно суровата зима што следува, со поправки на домови и враќање на греењето, со набавка на гас.

    Сумите веројатно ќе растат како што продолжува војната, се истакнува во извештајот.

    „Инвазијата ќе остави последици врз генерации со раселувањето и одделувањето на семејства, нарушување на напредокот, уништување на културното наследство и пресврт на позитивната економска траекторија и таа на сиромаштијата“, подвлекуваат во извештајот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img