More

    Руската војска заробила хрватски државјанин кој се борел во редовите на украинската армија

    spot_img

    Руската војска заробила  хрватски државјанин кој се борел во редовите на украинската армија, кој бил член на бригада стационирана во окупираниот град Мариупол, објави руската телевизија РТ

    Тоа го потврди и од хрватското Министерство за надворешни и европски работи.

    – Министерството за надворешни работи има информации за заробениот хрватски државјанин и продолжува да работи на разрешување на случајот во соработка со украинските власти. Поради чувствителноста на ситуацијата, во овој момент не можеме да откриеме подетални информации – велат од хрватското министерство.

    На видеото што го објави РТ, заробениот Хрват В.П. вели дека бил заробен додека се обидувал да побегне од опколениот град заедно со уште неколку борци.

    – Го напуштивме Мариупол и пешачевме 260 километри, криејќи се, пешачевме само ноќе, избегнувајќи секаков можен контакт – вели тој.

    Планот пропаднал кога групата налетала на руската артилериска единица и ѝ се предал.

    Тој исто така вели дека се приклучил во редовите на украинската армија во 2020 година за да добие украинско државјанство. Во тоа време, тоа изгледало како добра идеја, бидејќи линијата на фронтот во Донбас беше стационарна.

    Тој појаснува дека претходно поминал 5 години во хрватската војска.

    – Пет години бев пешак во хрватските вооружени сили, тоа е се. Досега не сум бил вклучен во никакви конфликти- вели заробениот Хрват.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img