More

    Руси се јавуваат на телефонска линија во Украина да дознаат за своите блиски

    spot_img

    Си-Ен-Ен дојде до запис од телефонски повици од руски државјани на специјална телефонска линија на украинската влада. Мајки и татковци, сопруги, браќа и сестри и другите членови на семејството очајнички ги бараат своите најблиски чија трага исчезнала за време на руската инвазија на Украина.

    „Извинете што ве вознемирувам, се јавувам во врска со брат ми“.

    „Дали имате информации за мојот сопруг?“

    „Здраво, можеме ли тука да дознаеме дали некоја личност е сè уште жива?“

    Русите не се распрашуваат за Украинците на таа телефонска линија, туку сакаат да откријат што се случило со нивните војници. Записите покажуваат дека многу руски војници не знаеле каде одат или зошто се распоредени во Украина и дека не можеле да останат во контакт со своите семејства.

    Заклучно со 24 февруари, примени се повеќе од 6.000 повици

    фото: Си-Ен-Ен

    Телефонот наречен „Врати се од Украина жив“ е воспоставен од украинското Министерство за внатрешни работи, кое призна дека иницијативата е и хуманитарна и пропагандна алатка.

    Си-Ен-Ен разговараше со вработена кој работи на линијата, која сакаше да остане анонимна. Таа е психолог по образование.

    – Пред сè, сакаме да им помогнеме на руските војници, кои се измамени и кои не знаат точно зошто се нашле во нашата земја, да ги најдат своите роднини. Второ, сакаме да помогнеме да заврши војната со оваа постапка – рече службеничката која Си-Ен-Ен ја именуваше како Кристина.

    Од кога е воспоставена оваа линија на почетокот на руската инвазија, телефоните ѕвонат без престан. Заклучно со 24 февруари, примени се повеќе од 6.000 повици. Повиците не доаѓаат само од Русија, туку и од САД.

    „Претпоставуваме дека најверојатно е убиен“

     

    фото: Си-Ен-Ен/Телеграм

    Си-Ен-Ен разговараше со две лица кои се јавија на линијата од САД за да добијат какви било информации за нивните најблиски. Еден човек од Вирџинија рече дека нашол фотографија од личната карта на неговиот братучед на каналот „Најди го својот исчезнат“ на Телеграм.

    Каналот објавува информации за заробени, повредени или убиени Руси кои се бореле во Украина. Објавени се фотографии од пасош, имиња и податоци за воените единици.

    – Претпоставуваме дека најверојатно починал на дело, но сè уште се обидуваме да откриеме каде е неговото тело. И веројатно се надеваме дека тој е сè уште жив – рекол неименуван маж од Вирџинија чие семејство во Русија го замолило да се јави на бројот за итни случаи.

    – Семејството не сака никој да ги контактира бидејќи сите во Русија се многу исплашени. Сите се плашат да зборуваат, сите се плашат да нѐ бидат следени од нивните агенции“, вели тој.

    „Бев трогната што таа се извини“

    Си-Ен-Ен разговарал и со жена од Флорида, чија тетка во Русија не можела да добие никакви информации за нејзиниот син од руското Министерство за одбрана. Таа рече дека се обиделе да го најдат, но дека никој не се пријавувал во министерството, па единствено им останало да се јават на украинската телефонска линија. Но и таму не добиле информација за нејзиниот братучед.

    – Тие само ми рекоа дека ќе ме контактираат веднаш штом ќе добијат некои информации – рече таа.

    Висок функционер на украинската влада изјави за Си-Ен-Ен дека поврзале десетици руски семејства со руските војници во Украина преку специјалната телефонска линија. Оние кои работат на линиите велат дека повеќето Руси кои се јавиле тврделе дека нивните синови или сопрузи им рекле дека ќе бидат испратени на обука или воени вежби и дека изгубиле контакт со нив на 22 или 23 февруари, непосредно пред Русија да ја нападне Украина.

    Кристина рекла дека една жена која го барала својот вереник и се извинила за инвазијата.

    – Бев трогната од нејзиното извинување. Таа постојано велеше: „Прости ни, не сакавме да те нападнеме. Ова не е наша војна. Не сакавме да го направиме тоа“ – додава таа.

    Специјалната телефонска линија не е наменета само за помош на руските војници, туку и како пропагандна алатка која треба да ги освести Русите за настаните од војната.

    – Ние само се надеваме дека ова ќе заврши наскоро. Сакаме да покажеме на што е можно повеќе луѓе што навистина се случува во Украина, бидејќи на тој начин повеќе од нив ќе излезат на улиците и ќе бараат да се прекине ова крвопролевање – вели Кристина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img