More

    Руси имаат скриено околу 213 милијарди долари во Швајцарија

    spot_img

    Во швајцарските банки, на тајни сметки, се чуваат околу 213 милијарди долари руско богатство, проценува швајцарското здружение на финансиската индустрија.

    Швајцарската асоцијација на банкари (СБА) проценува дека банките чуваат помеѓу 150 и 200 милијарди швајцарски франци (213 милијарди долари) пари од руски клиенти на офшор сметки. Тоа покажува дека обемот на бизнисот на богатите Руси со банките во Швајцарија, е многу поопширен од изложеноста на билансот на состојба што неколку нејзини финансиски фирми почнаа да ги детализираат.

    Откритието на СБА е ретко за Швајцарија, која има „ѕид“ и не одговара позитивни на многу претходни барања за транспарентност,и доаѓа откако е преземен необичниот чекор со примена на санкции од Европската Унија за замрзнување на руските пари по воената акција на Русија во Украина, почната кон крајот на минатиот месец.

    Копретседателката на Социјалдемократите, Матеа Мејер, повика Швајцарија да ги ограничи сите пари што им припаѓаат на Русите блиски до претседателот Владимир Путин и неговата влада.

    – Дел им припаѓаат на олигарсите лојални на Кремљ. Парите и нивната активност помагаат во финансирањето на војната. Швајцарија „мора да направи се што е можно за да ги затвори чешмите за пари – изјави Мејер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img