More

    Русија ја повлекува војската од Змискиот остров, тврди поради извоз на жито од Украина

    spot_img

    Руското Министерство за одбрана соопшти дека ја повлекла војската од Змискиот остров во Црното Море, кој се наоѓа во близина на Одеса.

    Министерството ова го оцени како „гест на добра волја“, а во соопштението се наведува и дека повлекувањето покажува дека „Руската Федерација не ги попречува напорите на Обединетите нации за воспоставување хуманитарен коридор за извоз на земјоделски производи од територијата на Украина“.

    Украина и западните земји ја обвинуваат Русија за блокирање на украинските пристаништа и спречување на извоз на житни култури, што придонесе за глобалната криза со храна.

    Русија ги отфрли обвинувањата, наведувајќи дека Украина треба да ги отстрани мините од Црното Море за да овозможи безбедна пловидба.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img