More

    Русија создава „правна рамка“ за активирање на својата нуклеарна доктрина

    spot_img

    Кремљ најави дека „референдумите“ за присоединување што ќе завршат денеска во четирите украински зони под контрола на Москва ќе доведат до промени за тие територии, главно во однос на безбедноста со можна нуклеарна заштита, пренесе БТА.

    – Ситуацијата радикално ќе се промени од правен аспект, од гледна точка на меѓународното право, со сите релевантни последици за целите на заштитата и гарантирањето на безбедноста на овие територии, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

    – Нашиот правен систем ќе ги разгледа сите опции и, се разбира, нашите законодавци, нашите извршни тела и нашите правни тимови се подготвени – додаде тој.

    Поранешниот руски премиер и претседател Дмитриј Медведев претходно ја коментираше можноста Москва да ја примени својата доктрина за нуклеарна одбрана на овие територии, која предвидува такви напади во случај на нуклеарен напад или егзистенцијална закана против Русија.

    – Силите на руската армија значително ќе ја зајакнат одбраната на сите (украински) територии присоединети кон Русија – напиша Медведев на Телеграм.

    Според него, ова засилување ги вклучува „можностите што ги нуди мобилизацијата“ што е во тек во земјата, но и употребата на „целото руско оружје, вклучително и стратешкото оружје и оние базирани на нови технологии“.

    – Русија има право да употреби нуклеарно оружје, доколку е потребно, во однапред дефинирани случаи и во строга согласност со принципите на државната политика во областа на одбрана од нуклеарен напад – напиша и Медведев.

    Коментирајќи ги зборовите на Медведев, Песков потврди дека неговите забелешки точно ја одразуваат руската „воена доктрина“ и препорача сите да се потсетат на нејзините принципи.

    Проруските сепаратистички власти во Украина денеска ги објавија првите резултати од референдумите за присоединување на републиките Доњецк и Луганск, како и регионите Запорожје и Херсон кон Русија, според кои огромно мнозинство од граѓаните гласале „за“. Во областа Запорожје со обработени 19 отсто гласови и „за“ се изјасниле 98,19 отсто од гласачите, во Доњецката Република со обработени 16 отсто гласови „за“ гласале 98 отсто. Во Луганската република обработени се 13 отсто од гласовите, а „за“ се изјасниле 97,82 отсто од гласачите, додека во Херсон со обработени 14 отсто, 96,97 отсто од гласачите гласале за приклучување кон Русија, пренесе Бета.

    Во меѓувреме генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг оцени дека референдумите во Украина немаат никаков легитимитет.

    – Лажните референдуми што ги одржува Русија немаат легитимитет и се грубо кршење на меѓународното право. Овие територии се Украина – напиша Столтенберг на Твитер.

    Тој информира дека разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски и го уверил во непоколебливата поддршка на сојузниците за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img