More

    Русија се закани дека ќе ги затвори вентилите за гас

    spot_img

    Стравувањата од енергетска војна меѓу Русија и Западот се зголемија денеска откако САД притискаат свои сојузници да забранат увоз на руска нафта како казна за инвазијата на Москва врз Украина, каде што денеска се очекува да профункционираат хуманитарни коридори.

    Русија предупреди дека може да го запре протокот на гас преку гасповод  од Русија до Германија како одговор на одлуката на Берлин минатиот месец да го запре отворањето на контроверзниот нов гасовод Северен поток 2.

    Русија испорачува 40 отсто од европскиот гас.

    „Имаме целосно право да донесеме соодветна одлука и да воведеме ембарго за транспорт на гас преку гасоводот Северен поток 1“, изјави синоќа рускиот вицепремиер Александар Новак.

    Новак, исто така, предупреди дека цената на нафтата може да биде до 300 долари за барел доколку САД и нивните сојузници го забранат увозот на руска нафта, клучен извор на приходи откако земјата беше ефективно замрзната од западните финансиски пазари.

    Сепак, аналитичарите на Банката на Америка тврдат дека ако поголемиот дел од извозот на нафта на Русија биде прекинат, би можело да има недостиг од 5 милиони барели дневно или повеќе, што ќе ги зголеми цените и до 200 долари.

    Цените на нафтата вчера забележаа близу највисоките нивоа во последните 14 години, при што фјучерсите на суровата нафта брент пораснаа за 1,06 долари или 0,9 отсто, на 124,27 долари за барел откако се тргуваше до 125,19 долари.

    Американскиот претседател Џо Бајден одржа видео-конференција со лидерите на Франција, Германија и Велика Британија вчера кога се заложи за нивна поддршка за забрана на увозот на руска нафта.

    Според западни медиум кои се повикуваат на извори, САД ако е потребно  ќе ја спроведат таа мерка без сојузници во Европа, иако многу земји на континентот во голема мера зависат од руската енергија.

    Руската инвазија, најголемиот напад врз европска држава од Втората светска војна, создаде 1,7 милиони бегалци, низа санкции кон Москва и стравувања од поширок конфликт.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img