More

    Русија предупредува дека Арктикот може да стане новото бојно поле

    spot_img

    Арктикот би можел да стане ново бојно поле поради влезот на Шведска и Финска во иднина, предупредува руското МНР. Истовремено, земјата планира да распореди дури 50 нови интерконтинентални балистички ракети „Сармат“,способни за нуклеарни напади, изјави Дмитриј Рогозин, генералниот директор на руската вселенска агенција „Роскосмос“.

    – Гледаме дека меѓународната воена активност се зголемува на Арктикот. Постои таканаречена интернационализација на воените активности. Ова е, се разбира, многу вознемирувачки тренд што го претвора Арктикот во меѓународна арена на воени операции. Тоа не може а да не не’ загрижи – објаснува рускиот дипломат Николај Корчунов за загриженоста на Москва.

    – Традиционалните политики на Финска и Шведска, политиките на неврзаност, одамна создадоа цврста основа за мир и стабилност во овој дел од светот. Потенцијално е малку веројатно дека пристапувањето на овие земји во НАТО ќе придонесе за оваа цел – заклучи рускиот дипломат.

    Новите ракети „Сармат“ ќе бидат избработени во производствените капацитети во сибирскиот град Краснојарск, изјави тој синоќа за новинската агенција „Интерфакс“. Првите системи ќе бидат распоредени на таа територија. Преходно во април, Русија тестираше ракета „Сармат“, а рускиот претседател Владимир Путин ја искористи приликата за да му се закани на Западот.

    Ракетите имат дострел од 18 илјади километри и во рок од секунди и минути можат да стигнат до главните градови на повеќе западни држави.

    И покрај очигледното наоружување на Москва, главниот руски преговарач Владимир Медински утринава изјави дека земјата е подготвена за преговори и дека топката е во дворот на Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img