More

    Русија оваа недела ќе ја нападне Украина

    spot_img

    Официјален Лондон досега не виде знаци дека Русија ќе ја деескалира кризата во Украина, а единственото нешто што гледа е „сериозна можност“ Москва да ја нападне Украина оваа недела, изјави денеска портпаролот на премиерот Борис Џонсон.

    – Досега не видовме знаци дека Русија ќе ја повлече својата војска од украинската граница. На границата има повеќе од 130.000 руски војници и ние сме сериозно загрижени – рече портпаролот, додавајќи дека постои голема можност Русија да ја нападне Украина оваа недела.

    Џонсон нагласи дека наскоро ќе разговара со американскиот претседател Џозеф Бајден за да помогне во дипломатскиот процес.

    – Мислам дека е многу важно да разговараме. Но, она што не можеме да го направиме е да отстапиме од суверените права на украинскиот народ кој се стреми кон членство во НАТО. Не можете да се пазарите со тоа – рече Џонсон.

    Тој исто така предупреди дека сите мора да сфатат дека ситуацијата е многу опасна и тешка.

    – Ние сме на работ на бездна, но сѐ уште има време рускиот претседател Владимир Путин да се повлече, а она на што повикуваме е сите да се вклучиме во дијалог – рече британскиот премиер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img