More

    Русија не може целосно да ги контролира украинските територии, кои Путин ги анектира, како и неуспехот да се заземе Киев и повлекувањето од Херсон и Харков, може да го свртат неговиот „внатрешен круг“ против него

    spot_img

    Според него, фактот дека Русија не може целосно да ги контролира украинските територии, кои Путин ги анектира, како и неуспехот да се заземе Киев и повлекувањето од Херсон и Харков, може да го свртат неговиот внатрешен круг против него.

    Пономарев вели дека дека негова лична желба е да го види Путин во Хаг, но не верува дека таа ќе му се исполни.

    – Не верувам дека ќе го видам тоа. Неговата придружба нема да му дозволи да оди во Хаг бидејќи неговото сведочење може да биде многу штетно за нив. Ќе биде убиен – вели поранешниот пратеник.

    Амбасадорот на САД за глобална кривична правда Бет Ван Шак ја обвини Русија за „систематски“ воени злосторства во Украина, за насочени напади врз цивили, употреба на силување како средство на војната, киднапирање деца и егзекуции по кратка постапка.

    Дејствијата на Москва би можеле да се окарактеризираат како „злосторства против човештвото“ на кои им се суди во Меѓународниот кривичен суд во Хаг. Сепак, и покрај повиците за дејствување на судот и насобраниет докази против Путин, сè уште нема индикации дека МКС ќе го обвини рускиот претседател.

    Иако многумина се надеваат дека Путин ќе се откаже од власта што е можно поскоро, малкумина навистина веруваат во тоа.

    Имено, рускиот претседател Путин произведе околу себе политички вакуум, за да нема никакви ривали или опозиција и создаде армија од поддржувачи кои само послушно климаат со главата, уверени во секакви заблуди и параноја во врска со Украина и Западот.

    Американската разузнавачка служба, од друга страна, тврди дека нема ниту еден човек во Кремљ кој е подготвен да го предизвика Путин или да се спротивстави на неговиот извртен поглед на светот.

    Директорот на ЦИА Вилијам Барнс изјави дека моќта на Путин над неговиот сè потесен внатрешен круг соработници е сè поцврста, што го прави сè поизолиран и позаблуден за вистинската реалност на војната.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img