More

    Русија може да инкасира милијарди од даноци за крипто

    spot_img

    Русија би можела да инкасира до 13 милијарди долари (1 трилион рубљи) годишно со легализирање, регулирање и оданочување на трансакциите со криптовалути, сметаат аналитичарите на руската влада, тврди московски The Bell. Додека Русија размислува да ги забрани криптовалутите, неодамна претседателот Путин ја стопираше постапката, а самото негово вмешување направи цената на Биткоинот пак да скокне, пишува РусијаДенес.

    Со даноци на криптовалутите ќе правиме милијарди

    Криптовалутите во Русија инаку се легални од јануари минатата година, шест месеци откако рускиот претседател Владимир Путин потпиша нацрт-закон со кој се дозволува виртуелните средства да се сметаат на исто ниво со физичките. Новиот закон ги извади дигиталните валути како Биткоин од нерегулираната „сива зона“, но не ги направи легални како начин на плаќање.

    Сега, Москва размислува за можните опции за контрола на тоа како Русите ги користат дигиталните пари. Според „The Bell“, истражувачите од владата сугерираат дека даноците наметнати на крипто може да заработат милијарди за владината „чанта“. Може да се наметнат давачки за размена и посредници, како и приходи од инвестиции.

    фото: твитер/принтскрин

    Рускиот пазар е 12 отсто од светскиот крипто-пазар

    Минатата недела, напис објавен од американски Блумберг објави дека Кремљ го проценил рускиот пазар на криптовалути на повеќе од 16,5 трилиони рубљи (214 милијарди долари), што е околу 12 отсто од вкупната вредност на целиот крипто-пазар во светот. Ова е значително повисоко од бројката изнесена од руската централна банка, која проценува само 5 милијарди долари.

    Има и една негативна страна од целата легализација на биткоинот. Почнувајќи од лани, руските службеници мораат да ги пријавуваат своите средствата што ги чуваат во криптовалути како приход и да плаќаат данок за тоа.

    Русија е трета во светот по рударење биткоини

    Во август минатата година, индексот за потрошувачка на електрична енергија на Биткоин на Универзитетот Кембриџ откри дека Русија е трет по големина рудар на биткоин во светот, зад САД и Казахстан. За ископувањето криптовалути треба многу енергија и голема процесорска моќ за решавање на математички проблеми. Решенијата се толку сложени што е невозможно да се решат со рака и дури би било тешко за обичните компјутери успешно да се завршат. Откако ќе се реши проблемот, сопственикот на компјутерот се наградува со токен за криптовалута, како што е биткоин.

    Казахстан стана втор, откако Кина ги забрани криптовалутите

    Минатата година, рударите беа принудени да „се распрскаат“ низ светот откако Пекинг пресуди дека процесот треба да стане нелегален во Кина. Тогаш, многу од копачите ја преместија својата опрема и средства преку границата или во Русија или во Казахстан, додека стапката на хаш, што би се рекло, кој најмногу решава криптографски загатки со компјутер, во Кина падна на нула.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img