More

    Русија им се закани на САД дека ќе испратат моќен систем во Украина

    spot_img

    Русија објави дека одлуката на САД да испорача напредни ракетни системи и муниција на Украина ќе го зголеми ризикот од директна конфронтација меѓу Москва и НАТО, јавува Би-Би-Си.

    Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков за руската државна новинска агенција РИА Новости изјави дека Москва е „крајно негативна“ во однос на пакетот за воена помош на САД, кој ќе го вклучи високомобилниот артилериски ракетен систем М142 (ХИМАРС).

    Оружјето, кое Украина го бара долго време, има за цел да и помогне попрецизно да ги погоди непријателските сили од поголема далечина. Соединетите Американски Држави досега одбиваа да испорачаат артилерија со долг дострел поради страв дека може да се користи против цели во Русија.

    Бајден испраќа моќно оружје
    Но, американскиот претседател Џо Бајден рече дека смртоносната помош ќе ја зајакне преговарачката позиција на Киев против Москва и ќе го направи поверојатно изнаоѓањето дипломатско решение. Во напис во Њујорк Тајмс, Бајден најави дека САД ќе испратат напредни ракетни системи во Украина.

    САД испраќаат повеќе ракетни системи Химарс на украинската армија

    Покрај оружјето, американскиот претседател се осврна и на други клучни прашања во конфликтот. Тој изјави дека САД нема да се обидат да го тргнат Владимир Путин од власт. „Колку и да не се согласувам со г-дин Путин… САД нема да се обидат да го соборат. „Додека САД и нашите сојузници не бидат нападнати, ние нема да бидеме директно вклучени во овој конфликт“, напиша тој.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја „нема намера да ја нападне Русија“.

    Соединетите држави се согласија да испорачаат ракети со прецизно наведување, кои можат да достигнат цели до 70 километри, само откако ќе добијат гаранции дека оружјето нема да се користи за напади врз цели во Русија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img