More

    Русија заработила 93 милијарди евра од извозот на фосилни горива во првите 100 дена на војната

    spot_img

    Во првите 100 дена од војната во Украина, Русија заработила 93 милијарди евра од извозот на фосилни горива. Повеќето фосилни горива биле испратени во Европската унија, а просечната извозна цена била за околу 60% повисока од минатата година, покажа новото истражување.

    Имено, според извештајот на Независниот центар за истражување на енергија и чистота на воздухот (CREA) во Финска, дури 61% од рускиот извоз на фосилни горива отишол во Европската унија за околу 57 милиони евра.

    Најголеми поединечни земји кои увезуваат руски фосилни горива се Кина (12,6 милијарди евра), Германија (12,1 милијарди евра) и Италија (7,8 милијарди евра), според извештајот објавен од АФП.

    Најголем дел од приходите на Русија од фосилните горива доаѓаат од сурова нафта (46 милијарди евра), а потоа следи гасот што Русија го извезува преку цевководи, нафтени деривати, природен гас (LNG) и јаглен.

    „Франција стана најголемиот купувач на природен гас во светот“
    Иако рускиот извоз на фосилни горива се намали во мај, бидејќи многу земји и компании го намалија увозот на руска енергија поради инвазијата на Украина, глобалниот раст на цените на фосилните горива продолжи да го полни рускиот буџет, при што приходите од руските фосилни горива достигнаа рекордно ниво.

    Просечните цени на фосилните горива во Русија за извоз се во просек за 60% повисоки од минатата година, се вели во извештајот. Некои земји, како Кина, Индија и Обединетите Арапски Емирати, го зголемија увозот на фосилни горива од Русија.

    „Додека ЕУ размислува за построги санкции кон Русија, Франција го зголеми својот увоз и стана најголемиот светски купувач на природен гас“, рече аналитичарот на CREA, Лаури Миливирта.

    „Бидејќи повеќето од овие набавки не се однесуваат на долгорочни договори, тоа значи дека Франција свесно одлучи да ја користи руската енергија по инвазијата на Украина“, додаде таа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img