More

    Русија го предупредува Западот: Нашите санкции ќе бидат болни

    spot_img

    Русија го предупреди Западот да работи на широк одговор на санкциите кој ќе биде брз и ќе се почувствува во најчувствителните области на Западот.

    Руската економија се соочува со најголемата криза од 1991 година и распадот на Советскиот Сојуз, бидејќи Западот воведе санкции за речиси секој финансиски и корпоративен сектор поради инвазијата на Украина, пишува Ројтерс.

    „Реакцијата на Русија ќе биде брза, внимателна и чувствителна за оние на кои ќе се однесува“, изјави Дмитриј Бирчевски, директор за економска соработка во руското Министерство за надворешни работи, пренесува руската новинска агенција РИА.

    Вчера американскиот претседател Џозеф Бајден воведе забрана за увоз на руска нафта и други енергетски извори како одговор на руската инвазија, која Москва ја нарекува „специјална воена операција“ чија цел е „деназификација“ и „демилитаризација“ на Украина.

    Русија претходно оваа недела предупреди дека цената на нафтата може да надмине 300 долари за барел доколку САД и ЕУ забранат увоз на сурова нафта од Русија.

    Москва соопшти дека Европа користи околу 500 милиони тони нафта годишно. Русија го снабдува со 30 отсто од таа количина или 150 милиони тони, како и со 80 милиони тони петрохемиски производи.

    Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека „специјалната воена операција“ е од суштинско значење за руската безбедност, бидејќи САД го зголемија военото присуство на НАТО во близина на границите на Русија и ја поддржуваат прозападната влада во Киев.

    Украина вели дека се бори за својот опстанок, а САД и нивните европски и азиски сојузници ја осудија руската инвазија.

    Кина, втората по големина економија во светот, повика на воздржаност, но претседателот Си Џинпинг предупреди дека санкциите кон Русија ќе ја забават светската економија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img