More

    Русија го очекува новиот американски бран

    spot_img

    Американската министерка за финансии Џенет Јелен денеска соопшти дека САД ќе воведат нови санкции против транснационалната мрежа на поединци и компании кои работат на набавка на воени технологии кои се користат за руските воени дејствија во Украина.

    На маргините на самитот на Г20 на Бали, Јелен изјави дека санкциите ќе бидат насочени против 14 физички лица и 28 деловни субјекти, вклучително и финансиски посредници, но одби да даде детали за тоа каде се наоѓаат и најави дека наредбата ќе биде издадена подоцна денеска.

    – Ова е дел од нашите засилени напори да ги запреме воените активности на Русија и, преку санкции и извозни контроли, да ѝ се ускрати на Москва потребната опрема – рече Јелен, одбивајќи да даде детали за тоа кон кои технологии ќе бидат насочени новите санкции.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img