More

    Русија го менува законот, погледнете што им претстои на дезертерите

    spot_img

    Најавата на рускиот претседател Владимир Путин за делумна мобилизација уследи по потегот на Долниот дом на московскиот парламент, Државната дума, во вторникот да го измени законот за воена служба.

    Новиот закон ги заострува казните за прекршување на должностите на воената служба – како што е дезертерството и избегнувањето на службата.

    Нацрт-законот предвидува до 15 години затвор за отпор поврзан со воената служба или принуда против официјална воена наредба, вклучувајќи насилство или закана со насилство, за време на периоди на мобилизација или воена состојба, според Си-Ен-Ен.

    Се зголемуваат затворските казни
    Newsweek додава дека според новиот закон, руските војници кои дезертираат може да завршат во затвор на 10 години.

    Оние кои ќе отсуствуваат од два до 10 дена ќе се соочат со затворска казна до пет години. Претходно казната за ова дело беше една година затвор.

    Руските војници кои отсуствуваат од 10 дена до еден месец би можеле да се соочат со затворска казна до седум години, што е повеќе од три години претходно.

    Напуштањето на единицата подолго од еден месец ќе резултира со казна до 10 години, наместо досегашните пет.

    Војниците кои не ги почитуваат наредбите на претпоставените или одбиваат да се борат за време на војната, исто така, според законот ќе добијат затворска казна од две до три години, а во потешки случаи од три до 10 години.

    Законот, исто така, предлага 10-годишна казна за работниците во воено-индустрискиот сектор кои нема да ги исполнат целите и роковите за испорака на владините нарачки.

    Се предлага и да се воведе одговорност до пет години затвор за уништување или невнимателно оштетување на оружје и воена опрема за време на војната.

    Пратениците во Државната дума ги воведоа концептите на „мобилизација“, „воена состојба“, „воено време“ и „вооружен конфликт“ во Кривичниот законик на Русија, кои сега ќе се сметаат за отежнувачки фактори за казни за кривични дела.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img