More

    Русија ги отфрли обвинувањата за нападот

    spot_img

    Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека се лажни тврдењата дека погодиле станбена зона во Киев.

    „Лажна вест е дека руските сили погодиле цивилни мети во Киев. Ракетите прецизно ги погодија работилниците на фабриката Артиом. Штетите нанесени на соседната станбена зграда се последица од падот на украинските противвоздушни ракети“, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.

    Исто така во соопштението се посочува дека фабриката за производство на ракети во Киев била цел на напади и во април.

    Украинските власти претходно соопштија дека едно лице загинало, а четворица се повредени и се пренесени во болница по нападите рано утрово врз станбена област во близина на центарот на Киев.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img