More

    Русите минуваат низ Црвената шума во Чернобил, работниците велат: „Тоа е самоубиство“

    spot_img

    Руските војници возеле оклопни возила без заштита од радијација низ високотоксичната зона наречена Црвена шума, подигајќи облаци од радиоактивна прашина, соопштија работниците на локацијата.

    Два извори за Ројтерс изјавиле дека војниците во конвојот немаат никаква опрема за заштита од радијација, а еден работник во Чернобил го опишал однесувањето на руските војници како „самоубиствено“ бидејќи радиоактивната прашина што ја вдишувале веројатно предизвикала внатрешно зрачење во нивните тела.

    Државниот нуклеарен инспекторат на Украина на 25 февруари соопшти дека има зголемување на нивото на радијација во Чернобил. Работниците кои разговараа за Ројтерс беа на смена кога руските тенкови влегоа во Чернобил и ја презедоа контролата врз локацијата. Персоналот во нуклеарната централа се грижи потрошеното нуклеарно гориво безбедно да се складира.
    Работниците за Ројтерс изјавија дека виделе руски тенкови и други оклопни возила како се движат низ Црвената шума, која е најрадиактивниот дел од зоната Чернобил, на околу 100 километри северно од Киев.

    Руското Министерство за одбрана одби да ги коментира тврдењата на работниците. Руската војска извести дека нивоата на радијација биле нормални дури и откако ја презеле контролата. Русија, исто така, претходно ги негираше наводите дека нејзините сили се заканувале со нуклеарни постројки во Украина.

    Како Црвената шума го добила своето име?
    Местото го добило своето име кога десетици квадратни километри борови стебла станале црвени откако ја апсорбирале радијацијата по експлозијата во 1986 година, една од најлошите нуклеарни катастрофи во светот.

    Црвената шума се смета за толку загадена што дури ни работниците од нуклеарната централа не смеат да одат таму.

    Работниците рекоа дека рускиот конвој поминал низ таа зона. „Конвојот крена голем столб од прашина. Многу сензори за заштита од радијација покажаа дека нивото е надминато “, рече еден работник.

    Валери Сеида, вршител на должноста генерален директор на централата во Чернобил, не бил таму во тоа време и не бил сведок на руски конвој кој оди кон Црвената шума, но рече дека сведоците му рекле дека руски конвој поминал низ областа.

    „Никој не оди таму… заради Бога. Нема никој таму“, изјави Сеида за Ројтерс.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img