More

    Русите имаат своја веризија за нападот во Кременчук

    spot_img

    Од руската војска потврдија дека во понеделникот е извршен воздушен напад врз украинскиот град Кременчук, но во соопштението се тврди дека целта бил магацин во кој Украинците го складирале оружјето што неодамна пристигнало од запад.

    – Детонацијата предизвика штета на блискиот нефункционален трговски центар – се вели во денешното соопштение на Министерството.

    Министерство за одбрана на Русија соопшти дека локацијата на залихите на оружје е во близина на фабриката Кредмаш. Веднаш до неа е и трговскиот центар Амстор, каде што во понеделникот се случи нападот, наведува истиот извор. Војската тврди и дека западната муниција детонирала и предизвикала пожар во трговскиот центар, кој повеќе не функционирал.

    Украинските власти велат дека трговскиот центар бил преполн со луѓе во моментот кога Русија го нападнала. Според последниот извештај за жртвите, во инцидентот загинале 18 лица, а 59 се повредени, а 25 од ранетите се пренесени на лекување во болница.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски го опиша инцидентот во Кременчук како „еден од најочигледните терористички напади во европската историја“. Тој рече дека локацијата не претставува закана за руската војска и дека нема стратегиска вредност.

    Кременчук е град во централна Украина на околу 250 километри југоисточно од Киев.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img