Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, во средата изјави дека САД спроведуваат биолошки програми во Украина.
Таа бара од САД да откријат детали за тоа што го прават, додавајќи дека видела документи кои ги потврдуваат нивните тврдења дека Американците кријат компоненти од биолошкото оружје во близина на границата меѓу Украина и Русија, пишува Sky News.
Захарова тврди дека американското Министерство за одбрана директно ја води програмата.