More

    Русинката денес е мажена за третиот најбогат човек на светот

    spot_img

    Руската манекенка Наталија Водијанова, една од најпознатите топ модели во светот, пораснала во многу сиромашно семејство.

    Таа пораснала со две полусестри, од кои едната е родена со церебрална парализа. Бидејќи татко им ги напуштил, Наталија била принудена со сестрите и мајка си да заработуваат пари за живот. За да може да обезбеди лекување на една од болните сестри, манекенката продавала овошје и зеленчук со својата сестра и мајка на пазар.

     

    Животот на Наталија добива поинаква смисла кога на пазарот се појавува агент од модна агенција додека таа продавала. Агентот ја забележал Наталија, која тогаш имала 17 години.

    Наскоро, таа започнува да работи во една руска модна агенција. Не ѝ требаше долго време, веќе по две години привлекла големо внимание и почнала да интригира. Откако се преселила во Париз, добила огромни модни понуди. Во Париз го добила и прекарот Супернова.

     

    Таа е една од ретките кои ја краселе насловната страница на „Вог“, беше заштитно лице на „Гучи“, „Шанел“, „Прада“, „Хуго Бос“ и многу други светски модни брендови.

    Милионските договори кои ги добила направиле да стане една од најбараните и најплатените манекенки. Била рангирана како трет најуспешен модел во светот. Нејзината заработувачка изнесувала и до 20 милиони долари.

    Нејзиниот љубовен живот, исто така, почнал да добива бајковит облик.

    Имено, таа се омажила за милијардерот Џастин Портман, со кој има три деца. Дека се работи за средба од бајките потврди и фактот дека тој е милијардер со благородно потекло, а таа е некој кој потекнува од сиромашно семејство.

    Крахот на љубовта го доживеала по девет години брак. По завршувањето на романсата, Наталија го напуштила Џастин, по што тој немал ништо убаво да каже за неа. Џастин истакнал дека таа постапила прилично бесчувствително.

    – Се чувствував како износена чанта од „Луј Витон“, таа се однесуваше со мене како да се срами од мене. Кога беше финализиран разводот, отидов на рехабилитација од сѐ. Потоа кога се слушнавме, ми рече дека воопшто не ѝ недостасувам и дека не ѝ паѓа напамет повторно да бидеме семејство – изјавил за медиумите Џастин по разводот.

     

    По разделбата, Наталија не губела време. Многу брзо стапила во врска со милијардерот Антоан Арно, чие богатство се проценува на 84 милијарди долари, со што стана трет најбогат човек на светот. Со него доби уште две деца, синовите Максим и Ромен. Двојката се венча во 2020 година.

    Нејзиниот сегашен сопруг е извршен директор на брендот „Берлути“ и дел од групацијата ЛВМХ, која е во сопственост на неговото семејство.

     

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img