More

    Румен Радев по трет пат ќе се обиде да додели мандат за нов премиер на Бугарија

    spot_img

    Претседателот на Бугарија Румен Радев денеска ќе има консултации со претставници на пратеничките групи во 47. Народно Собрание, пред да го врачи третиот мандат за формирање нова влада во рамките на актуелниот парламент, јави дописникот на МИА од Софија.

    Радев пред два дена, по враќањето од посетата на Црна Гора, рече дека ќе има консултации со сите парламентарни партии за да ги слушне начините за излез од политичката криза и какви модели и политики ќе бараат поединечните партии за коалиција пред да одлучи кому од Демократска Бугарија, Бугарската социјалистичка партија или „Има таков народ“, да го предаде третиот мандат за формирање нова бугарска влада.

    Доколку и овој обид не успее, тогаш претседателот на Бугарија е должен да го распушти Народното собрание, да закаже предвремени парламентарни избори и да назначи преодна влада која ќе ги организира во рок од два месеци. Како најверојатен датум за нивното одржување, Радев го гледа почетокот на октомври, а правниците очекуваат тие да се одржат на 2 или 9 октомври.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img