More

    Роналдо призна колку пари троши месечно нa семејството

    spot_img

    Еден од најпознатите и најбогатите фудбалери во светот, Кристијано Роналдо (37) откри колку во моментот издвојува за месечни трошоци, кои вклучуваат четири деца и домаќинство, пишува Екипа24.си.

    Роналдо веќе долги години е во врска со Георгина Родригез (28), која ја запознал додека работела во луксузна продавница на „Гучи“ во Мадрид. Георг му ина роди едно дете Кристијано, ќерката Аланѐ, а во моментот чекаат близнаци, девојче и момче.

    Останатите три деца, близнаците Ева и Матео и најстариот син Кристијано помладиот, на фудбалерот му ги роди сурогат-мајка. Шестчленото семејство наскоро ќе стане осумчлено семејство и затоа нивните трошоци секако ќе се зголемат.

    Со оглед на тоа што Роналдо сега игра за фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед, семејството живее во Велика Британија. Мал дел од луксузната вила, во која се сместиле откако се преселиле од Италија, беше прикажан преку социјалните мрежи.

    За сите трошоци што ги имаат со децата и домаќинството, Роналдо вели дека месечно треба да плаќа приближно 100.000 евра. Имено, оваа бројка е доволна Георгина и децата да живеат удобно.

    За време на шпанската ТВ емисија „Вива ла Вида“ беше објавено дека Роналдо на банкарската сметка на Георгина плаќа сума од близу 100.000 евра месечно. Оваа сума наводно служи за „трошоци и грижа за децата“, бидејќи Георгина е личноста која се грижи за децата додека Роналдо не е присутен.

    Сепак, Кристијано Роналдо само лани заработил над 120 милиони евра, па месечната бројка за домот и семејството секако не создава преголем проблем.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img