More

    Роналдо и Георгина славеле со скара со пријателите

    spot_img

    Сите светски медиуми пишуваат за трагедијата што се случи во семејството на фудбалерот Кристијано Роналдо. Новородениот син на фудбалерот почина, а неговата сестра близначка преживеа. Роналдо и неговата партнерка Георгина Родригез се скршени, а деталите за трагедијата сѐ уште не се познати.

    „Дејли мејл“ објави текст во кој пишува дека Роналдо и Георгина се дружеле на скара два дена пред да објават дека се случила трагедија. Георгина во саботата на својот Инстаграм објави видео на кое се гледаат Роналдо, нејзината сестра Ивана и нејзиниот партнер и неколку пријатели на скара. Не е потврдено каде се одржал собирот, но новинарите претпоставуваат дека Роналдо и Георгина дружењето го организирале во својот дом во Манчестер по натпреварот кој го одигра против Норвич Сити.

    Georgina Rodriguez objavila video roštiljanja s obitelji
    Исто така, се претпоставува дека сестрата на Георгина, Ивана, која инаку живее во Шпанија, пристигнала во Велика Британија пред раѓањето на Георгина за да биде со неа. Ивана има четиримесечна ќерка која се гледа и на видеото кое го објавила Георгина.

    Се претпоставува дека партнерката на Роналд се породила во болница во Манчестер и дека момчето починало при породувањето.

    Роналдо и Георгина во октомври минатата година објавија дека очекуваат близнаци.

    „Пресреќни сме што можеме да објавиме дека очекуваме близнаци. Нашите срца се полни со љубов и едвај чекаме да ве запознаеме. Благословени сме“, напишал Роналдо по тој повод со фотографија на која позира во кревет со Георгина со снимка од ултразвук.

    Фудбалерот пред два дена на Инстаграм објави дека се случила трагедија.

    „Со најдлабока тага ја објавуваме смртта на нашиот син. Тоа е најголемата болка што може да ја почувствува еден родител. Само раѓањето на нашето мало девојче ни дава сила да го живееме овој момент со малку надеж и среќа“, рече парот во заедничка изјава објавена на Инстаграм.

     

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img