More

    Роналдо заминува од „Олд Трафорд“?

    spot_img

    Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Португалецот Кристијано Роналдо, не се појави на првиот тренинг на Манчестер Јунјатед, засилувајќи ги со тоа шпекулациите за негово заминување од „Олд Трафорд“.

    Португалскиот 37-годишен напаѓач требаше заедно со своите соиграчи, кои имаат репрезентативни обврски во јуни, да ги стартуваат денеска подготовките за новата сезона.

    Сепак, Роналдо испрати „извинување“ до клубот, наведувајќи дека поради семејни причини е принуден да го пропушти првиот тренинг.

    Речиси сите британски медиуми пренесуваат денеска дека Роналдо нема намера да ја продолжи кариерата во Јунјатед, додавајќи оти петкратниот освојувач на Златната топка веќе му порачал на клупското раководство дека заминува.

    Роналдо го врзува уште една година од договорот со Манчестер јунајтед, но лошата резултатска сезона 2021/22 во која клубот остана без пласман во Лигата на шампиони, како и несогласувањата во соблекувалната, но и доаѓањето на новиот тренер, наводно се причините поради кои Португалецот по втор пат во кариерата ќе ги напушти „црвените ѓаволи“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img