More

    Романскиот премиер ќе побара гласање за пристап на земјата во зоната

    spot_img

    Романскиот премиер Николае Чука денеска изјави дека Романија утре ќе побара гласање за пристап на државата во Шенген зоната.

    – Едно е сигурно, ние сме решени да одиме до крај во овие напори, вклучително и со барање за гласање за Романија на Советот за правда и внатрешни работи утре, 8 декември. Сегашната состојба на неизвесност не може да продолжи повеќе. Ги имаме сите аргументи, многу издржани, кои ги поддржуваат нашите барања и ќе ги надоградиме и на утрешните разговори со министрите за внатрешни работи, кога ќе побараме да се формулира гласање, без одложување, за решение за Романија … Нашата решеност да придонесеме за европската безбедност е тешка. Ние ги докажавме овие квалитети низ годините, а особено во контекст на кризата во Украина – рече Чука, потсетувајќи повторно дека пристапувањето во Шенген е  „национална цел”.

    Премиерот нагласи дека европски експерти ја посетиле Романија во октомври и ноември и го потврдиле фактот дека земјата ги исполнува „апсолутно сите потребни услови” и заслужува да биде дел од Шенген зоната.

    Тој додаде дека еден ден пред Советот за правда и внатрешни работи во Брисел, каде ќе се соберат министрите за внатрешни работи на земјите членки, Романија продолжува да прави напори за постигнување на посакуваната цел.

    – Во моментов, сите земји-членки нѐ поддржуваат да продолжиме со пристапувањето, вклучувајќи ги Холандија и Шведска, со исклучок на Австрија. Ја имаме цврстата поддршка од Франција и Германија потврдена на сите нивоа – изјави Чука.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img