More

    Ријалити ѕвездата откри дека таа и нејзиниот партнер го промениле името на новородеиот син кого го нарекоа Волф (Волк)

    spot_img

    Ријалити ѕвездата откри дека таа и нејзиниот партнер го промениле името на новородеиот син кого го нарекоа Волф (Волк).

    Кајли и Травис Скот одлучиле дека на нивното дете тоа име не му прилега.

    Кајли се огласи на Инстаграм по тој повод:

    „За ваша информација, нашиот син повеќе не се вика Волф. Едноставно не чувствувавме дека тоа е тој. Само сакав да го споделам ова со вас, бидејќи насекоаде го гледам името Волф“, напишала 24-годишната Џенер преку Инстаграм-стори, која синот го роди на 2 февруари.

    Двојката ја има и ќерката Сторми (Бура) која има четири години.

    Сè уште не објавила како ќе одлучат да го наречат синот.

    Инаку, Кајли на својот Јутјуб канал сподели и снимка која му е посветена на нивниот син, на кој прво му го дале името Волф Вебстер, како и други детали поврзани со бременоста. Кајли покажува детска соба, луксузен подарок за дете и специјално дрво на кое членовите на семејството ги оставиле своите желби за нероденото момче, напишани на хартија.

    Минатата недела, ријалити ѕвездата откри дека постпородилниот период за неа бил многу потежок во однос на првата бременост.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img