Една од првите фотоапарати „Leica“ некогаш произведени е продадена на аукција во Германија за 14,4 милиони евра.
Прототипот на Leica 0-Series (сериски број 105) е стар речиси сто години и многу редок. Таа е една од првите камери од 35 мм.
Уредот некогаш му припаѓал на германскиот фотограф и пронаоѓач на камерата од 35 милиметри, Оскар Барнак.
Продажбата на аукцијата во Вечлер далеку ги надмина очекувањата. Се очекуваше уредот да чини меѓу два и три милиони евра.
Оваа двегодишна аукција се смета за најголема светска аукција на винтиџ камери и оптичка опрема.
Во 2018 година „Leica Series 0“ беше продадена за 2,4 милиони евра.