More

    Реципроцитет за сè, освен за Македонците во Бугарија

    spot_img

    Во Софија денеска ќе биде потпишан билатералниот протокол меѓу Северна Македонија и Бугарија. Протоколот ќе го потпишат министерот за надворешни работи Бујар Османи и неговата бугарска колешка Теодора Генчовска.

    Потпишувањето ќе биде во 10 часот по бугарско време, по што, според најавите, протоколот ќе биде јавно објавен.

    Претходно, ќе се одржи состанок на меѓувладината комисија на кој ќе очекува да се усвојат точките од Протоколот.

    Реципроцитетот е принципот на кој се заснова Протоколот и овој принцип, како што најавија дипломатски извори, ќе се почитува во сите сфери, но нема да се примени во однос на правата на Македонците во Бугарија, поради ограничувањата во бугарскиот Устав, кој не признава етнички заедници. Таму, како што посочуваат од МНР, поради тие ограничувања, милион Турци се изјаснуваат како бугарски државјани.
    Внесувањето на Бугарите во Уставот останува услов за Северна Македонија за отворање на поглавјата, а во Протоколот е наведено дека тоа ќе се реализира со формулацијата – припадници на други народи, каков што е бугарскиот народ.

    Во документот е предвидено и заедничко чествување на историски личности, но откако за тоа ќе се договорат членовите на истоирската комисија. Работата на Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, како што посочуваат дипломатски извори, не може да биде еднострано прекината. Какво решение и да има, истото мора да се прифати од двете страни, инаку обврската не може да биде еднострана. Таа нема да има рокови во работата, туку охрабрувања.

    Според дипломатски извори, историските и билатералните прашања не се одредници по кои ќе се оценува прогресот на земјава на патот кон ЕУ.

    Потпишувањето на протоколот и состанокот на меѓувладината комисија следуваат откако вчера францускиот предлог беше одобрен од страна на Владата по усвојувањето на заклучоците во македонското Собрание.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img