More

    Република Придњестровје тврди дека била нападната од Украина

    spot_img

    Неколку истрели биле испукани од преку границата на Украина со регионот Транснистрија, или Придњестровје на територијата на самопрогласената про-руска република и во правец на огромен магацин за оружје, соопшти денеска тамошното Министерство за внатрешни работи. Во областа биле забележани и два дрона, пишува РТ.

    „Во 8 часот и 45 минути изутрината на 27 април, пукање од украинска територија во правец на селото Колбасна“, се вели во соопштението на Министерството. Официјални лица на Придњестровје соопштија дека нема жртви како резултат на тоа.

    Додека властите обвинуваат дека биле нападнати, Украина претходно соопшти дека нападите се исценирани од руска страна за да се вовлече Придњестровје во конфликтот.

    Во одделен инцидент што му претходеше на наводното денешно пукање, „ неколку дронови беа забележани над селото Колбасна “ во текот на ноќта, според Министерството. Властите на Придњестровје, исто така, тврдат дека беспилотните летала „ биле лансирани на територијата на Придњестровје од Украина“.

    Придњестровје попознат како Транснистрија е регион во Молдавија каде најмногу се зборува рускиот јазик, а руски мировници се стационирани таму уште од 1992 година. Слично како отцепените републики во Доњецк и Луганск регионот прогласи своја управа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img