More

    Рекордно високи цени на храната во светот

    spot_img

    Светските цени на храната во февруари беа на рекордно високо ниво, зголемени за дури 24,1 отсто во однос на претходната година, а се поттикнати од растот на цените на маслата за јадење и млечните производи, соопшти Агенцијата за храна на ОН.

    Индексот на цените на храната на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО), што го следи најголемиот дел од светската трговија со храна, минатиот месец изнесуваше 140,7 поени, што е повеќе од ревидираната бројка од 135,4 во јануари. Таа бројка претходно беше 135,7.
    Повисоките цени на храната придонесоа за зголемување на инфлацијата бидејќи економиите ширум светот закрепнуваат од кризата со коронавирус, а ФАО предупреди дека високите цени може да го загрозат населението во сиромашните земји кои се потпираат на увоз.

    ФАО, чие седиште е во Рим, исто така, ги објави своите први проекции за глобалното производство на житни култури во 2022 година, што покажува дека глобалното производство на брашно се зголеми на 790 милиони тони од 775,4 милиони тони во 2021 година, пренесуваат британските медиуми.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img