More

    Регистрирани се 340 новозаболени од кои 56 се реинфекции

    spot_img

    Според направените 2.557 тестови во земјава се регистрирани 340 новозаболени лица на ковид-19, починати се 11 лица, додека 526 пациенти се водат како оздравени, информираше министерството за здравство информира.

    Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.557 тестови, а регистрирани се 340 нови случаи на ковид-19: Скопје – 198, Велес – 21, Куманово – 17, Прилеп – 16, Битола – 14,  Кавадарци – 13, Тетово – 10, Гостивар и Ресен – по 8, Гевгелија – 7, Кичево и Радовиш – по 5, Кочани – 3, Неготино, Берово и Богданци – по 2, Охрид, Штип, Струга, Крива Паланка, Дебар, Валандово, Кратово, Демир  Хисар и Демир Капија – по 1.

    Од вкупниот број на позитивни (340), регистрирани се 56 реинфекции.

    Регистрирани сe 526 оздравени пациенти од: Скопје – 262, Велес – 29, Куманово – 28, Прилеп – 25, Битола – 24, Кавадарци – 23, Тетово – 22, Гостивар – 21, Ресен – 16, Гевгелија – 12, Кичево – 9 , Радовиш, Кочани и Неготино – по 7, Берово, Богданци и Охрид – по 4, Штип, Струга, Крива Паланка и Дебар – по 3, Валандово, Кратово, Демир Хисар и Демир Капија – по 2, Струмица и Свети Николе – по 1.

    Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се две починати лица од Скопје (84) и Кичево (75). Пријавените лица се починати во болнички услови.

    Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 9 починати лица од: Скопје (4), Куманово (1), Гостивар (1), Свети Николе (1), Крушево (1) и Гевгелија (1).Починатите лица се на возраст од 63 до 93 години. Лицата за починати се пријавени во период од 16.02. до 04.03.2022. Од пријавените 4 лица се починати во болнички услови, а 5 лица се починати во домашни услови. Од вкупниот број на починати лица, кај 8 лица се регистрирани коморбидитети.

    Направени се 2.557 тестови преку: ИЈЗ-351, ЦЈЗ Скопје-48, ЦЈЗ Битола-65, ЦЈЗ Прилеп-47, ЦЈЗ Тетово-4, ЦЈЗ Куманово-61, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-17, УК Пулмологија со алергологија –3, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–2, Жан Митрев (Филип Втори)-44, Авицена-85, Биотек-142, Систина-57, лабораторија Лаор-46, Синлаб-10, Ремедика-15, Плодност-38, Генеа-4, Никоб Лаб-227, ВФВ Медикал-26, Ели Медика-17, Ројал Медика–5, Спектра-ММ-8, Рапид Лаб–10, Жан Митрев Струмица–13, Нова Лаб Дијагностика–3, Рамус-8, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.200.

    Досега во земјата се направени вкупно 1.910.601 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 300.106, бројот на оздравени пациенти е 288.761, на починати е 9.097 а бројот на активни случаи изнесува 2.248.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img