More

    Регистрирани се првите отпуштања од работа

    spot_img

    Први отпуштања на прекубројните работници, затворање на подружници и тешкотии да се организира процесот на работа и спречување на хаварии во производниот процес, неможност работниците да заработат повеќе, се првите резултати од неработењето во недела. Фирма отпушти 150 работници, занаетчиите најавуваат по најмалку 1 вработен дека ќе добие отказно решение, а во градежништвото е можно заминување на работниците поради пониски заработки.

    Нема сектор кај кој директно или индиректно се јавуваат негативни последици од неработењето во недела, велат од бизнис асоцијацииите. Се бара да се преиспитаат дејностите кои ќе работат во недела или да се остави самите тие да решаваат дали ќе работат или не во недела, со обврска дека ги подмират трошоците кон работниците кои ќе бидат ангажирани во неработниот ден.

    Најголемата асоцијација на бизнисмени, Стопанската комора, веќе покрена иницијатива за оценка на уставноста на измените на Законот за работни односи и Законот за трговски друштва со кои се регулира недела како неработен ден за сите работници. Оттаму чекаат реакција од владата на барањето бизнисмените сами да одлучуваат дали ќе работат во недела пред да ја активираат, по запирањето.

    Тие предлагаат во законот да остане дека работниците мора да добијат дневници и слободен ден ако работат во недела, а сите дејности да може со претходна пријава во инспекторатот и со плаќање на давачките кон државата да можат да организираат производство и трговија без ограничувања.

    Забелешките се дека меѓу дејностите на кои моментно, со таксативното набројување во Законот, им е дозволено работење во недела, испуштени се суштинските, како градежништвото или трговијата (на големо и мало), кај кои е неопходен континуитет во работните процеси.

    -Поради недела неработен ден и празниците, градежништвото во јануари од 12 дена искористи само 4. Тоа е еден од проблемите , значи временските услови кои се главен фактор за работа во градежништвото во зимските месеци. Иста ќе биде состојбата и во февруари. Но уште полошо за градежништвото е тоа што работниците не можат да имаат дополнителна заработка која во градежништвото се плаќа според учинокот, а во недела се плаќа 50 отсто повисока дневница. Тие е можно да заминат од земјава и да бараат каде да заработат повеќе. И трет проблем е тоа што градежните компании поради недела неработен ден имаат трошоци во организирањето на работа, посебно оние компании кои имаат работници од различни делови во земјата и треба да го организиараат нивниот превоз. Ако сакаат да им обезбедат недела да биде неработна, тогаш саботата и понеделникот се исто ткаа неработни, бидејќи тие треба да патуват по неколку часа од и до работното место – вели Андреа Серафимовски од групацијата за градежништво на Стопанската комора.

    Прехранбениот сектор смета дека е потребно едноставно регулирање, без таксативно наведување на дејностите кои ќе имаат право да работат во недела и да се овозможи со пријава до Инспекторатот за труд кои компании сакаат, да работат, но и на работниците да им исплати додаток на плата. Законското решение, според нив, мора да ја поддржува и четирисменската работа.

    Од Стопанската комора на северозападна Македонија, веќе најавија дека имаат први откази на работници поради неработна недела.

    Претседателот на оваа комора  Неби Хоџа, во изјава за телевизија 21 рече дека Комората со која тој раководи не била согласна со ова законско решение, а како резултат на примената на законските измени  веќе се реализирани и првите отпуштања од работа.

    – Само една компанија која е членка кај нас, не сакам да ѝ го откријам името, отпушти од работа 150 работници поради неделата, бидејќи има голем број вработени. За еден работен ден кој нема да го работат, требало да ги отпушти од работа. Ова влијае негативно врз економијата – рече Хоџа.

    И оваа Комора е со став бизнисмените сами да одлучуваат дали ќе работат во недела.

    Засега во компаниите организирани во Сојузот на стопански комори нема најави за отпуштања на работници, но велат оттаму уште кога беше пласирана идеја за оваа промена преку анкета која ја направи меѓу своите членови утврди дека концептот на недела неработен ден е прифатлив, со тоа што се предвидуваат исклучоци.

    – До овој момент немаме експлицитни најави за отпуштања од страна на наши членови. Сметаме дека е потребно на ова законско решение да му се даде време за да се види какви резултати ќе даде неговата практична примена и соодветно на тоа да се планира дали е потребно да се направат дополнителни прилагодувања или пак да се размислува за некое друго решение – велат од ССК..

    Од Занаетчиската комора велат дека занаетчиите се најпогодени до одлуката за недела неработен ден, а многу тешко ги преживуваат  минималната плата и пандемијата. Кај нив ќе има отпуштање барем по еден вработен без разлика колку се вработени. Занаетчиите надвор од Скопје поради финансиски пробелми не можат да ги платат и придонесите за себе.

    – Пекраниците веќе отпуштаат, а затвроаат и дел од подружниците бидејќи им станува неисплатливо работењето во недела иако им е дозволено да работат, односно да произведуваат, но не смеат  и да го продаваат производот. Кај нив се насобрани и други проблеми поврзани со цените на енергенсите, на репроматеријалите и на хартиените кеси кои имаат обврска да ги употребуваат по забраната на пластични кеси, а сега и минималната плата- вели Анета Атанасовска, извршен директор на Занаетчиската комора.

    Имаме најава, вели таа, и кај цвеќарниците дека ќе има отпуштања од работа како резултат на неработењето во недела и кај фризерските салони кои, пак, се соочуваат со помал број клиенти поради пандемијата.

    – Сопствениците на цвеќарници најавуваат дека ќе отпуштат по еден од вработените бидејќи се јавува вишок на работници поради недела неработен ден. Една сопственичка која од 5 работнички ќе отпушти една, вели дека за жал ќе мора да отпушти работничка која кај неа работела 30 години. Еве сега за Денот на в1убените и за 8 Март кога најмногу се трошат цвеќиња, тие нема да можат да работат во неделата пред празникот за да ги подгтоват аранжманите и цвеќето кое ќе го понудат на пазарот – додава Атанасовска.

    Цвеќарниците се незадоволни и од тоа што цвеќе е дозволено да се продава на зелените пазари каде што, како што велат, царува сивата економија.

    Атансовска вели дека во сите занаетчиски дејности се очекува намалување на бројот на работници, бидејќи им се создаваат вишоци на работници, а финансиската состојба е сè полоша за сите.

    Кај занаетчиите надвор од Скопје состојбата е уште полоша. Тие и во нормални услови имаа помали приходи, а сега некои од нив не успеваат и за себе да уплатат придонеси на плата, со што  размислувањето дека треба да ги затворат дуќаните се повеќе станува актуелно. Таква е сосотјбата во многу градови – вели таа.

    Според неа проблем е и тоа што  и да сакаат да работат во недела и да ги платат дневниците на работниците, занаетчиите не можат да го сторат тоа бидејќи им е забрането да работат и не можат да поденсат пријави до Инспекцискиот совет.

    Синдикатите, пак, со став дека владата не треба да попушти во однос на недела како слободен ден на сите работници, бидејќи доесега бизнисмените не ги почитувале одредбите од законите кои се оденсуваат на плаќањето дополнителни дневници за работниците.

    Владата најавива дека ќе разговара за сите барања, но јасно е определена дека недела треба да биде неработен ден за сите работници.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img