More

    Револуција на хоризонтот? Научниците создадоа ново воздухопловно гориво

    spot_img

    Што се однесува до цените на горивата, кои вртоглаво пораснаа во последните месеци, секое решение кое подразбира поевтино гориво, а воедно е и еколошки, навистина звучи феноменално.

    Швајцарските научници тврдат дека откриле начин да ги направат летовите со авион поеколошки и да го намалат нивниот јаглероден отпечаток.

    Во студија објавена во списанието Nature, научниците опишаа како изградиле соларна кула која е клучна за еколошкиот процес на производство на гориво. Тие објаснија како кулата користи сончева енергија за да произведе алтернатива на синтетичко гориво, кое може да се користи наместо фосилно гориво, пренесува Zimo.

    „Керозинот“ произведен од оваа соларна кула (соларна рафинерија, како што ја нарекуваат авторите) наводно без проблем би можел да се користи во воздухопловството, не бара посебни услови за складирање, ниту адаптација на постојните авиони.

    Со нашата соларна технологија, покажавме дека можеме да произведуваме синтетички керозин од вода и CO2, наместо од фосилни горива, се вели во соопштението за печатот потпишано од еден од коавторите на студијата, професор на ETH Цирих, Алдо Стајнфелд. Количината на CO2 што се испушта за време на согорувањето на керозин во млазен мотор е еднаква на онаа што се троши за време на производството во соларна централа. Ова значи дека горивото е јаглеродно неутрално, особено ако користиме CO2 заробен директно од воздухот. И се надеваме на тоа во не така далечна иднина.

    Засега оваа соларна рафинерија произведува околу еден децилитар синтетички керозин дневно. Сепак, треба да се има предвид дека тој е изграден за да го докаже концептот и да ја спроведе студијата. За да се произведат количините што се потребни дневно низ светот, би било неопходно да се изградат многу повеќе, многу поголеми соларни рафинерии.

    Што се однесува до цените на горивата, кои вртоглаво пораснаа во последните месеци, секое решение кое подразбира поевтино гориво, а воедно е и еколошки, навистина звучи феноменално.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img