More

    Револтирани граѓани уште вечерва се собраа пред Влада

    spot_img

    Некаде околу 19 часот пред Владата се насобраа револтирани граѓаните кои побараа оставки од премиерот Димитар Ковачевски, како и од останатите членови од неговиот кабинет.

    Со извиците „Таче ти си предавник“ и со пеење на македонски песни, тие сакаа да кажат дека се дојдени пред Владата со цел да му кажат на премиерот дека се против францускиот предлог кој денеска беше презентиран пред јавноста.

    Инаку, овој предлог беше објавен од страна на Владата денеска на пладне, а претходно премиерот Димитар Ковачевски истакна дека со него се зачувува македонскиот јазик и идентитет.

    – Позицијата во која се наоѓаме е далеку поповолна за нас. Пред нас имаме предлог кој ги инкорпорира нашите забелешки. Ќе дебатираме и во Парламентот, со опозицијата и со севкупната јавноста. Предлогот е солидна основа за градење сериозен, одговорен и државнички став. Сите лажни тврдења во различни форми потонаа, го штитевме македонскиот интерес и идентитет. Во европскиот предлог има позиции за целосно прифаќање на македонскиот јазик, како и протоколот да не биде во преговарачката рамка. Нашата позиција за почнување на преговорите и Првата меѓувладина конференција е инкорпориран во предлогот доставен кај нас – порача Ковачевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img