More

    Рафаел Гроси: Физичкиот интегритет на нуклеарната електрана во Запорижје е нарушен

    spot_img

    Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси по првиот ден од работењето на мисијата во нуклеарната електрана во Запорижје изјави дека физичкиот интегритет на овој енергетски капацитет е нарушен, пишува Гардијан.

    Мисијата на тимот од МААЕ изврши обиколка на нуклеарната електрана, но неколку членови на тимот ќе останат и наредните денови за детално да ја проучат состојбата во која се наоѓа најголемата нуклеарна електрана во Европа во овој момент. Главната цел е да се утврдат штетите врз енергетскиот капацитет од воените дејствија и да се изврши проценка на нуклеарната безбедност.

    – Имаме многу работа овде за да анализираме некои технички аспекти – изјави Гроси.

    Тој додаде дека МААЕ има намера да воспостави континуирано присуство во нуклеарната електрана, но не даде повеќе детали за овој план.

    Гроси додаде дека украинскиот персонал, којшто управува со нуклеарните реактори во електраната работи во тешки услови, но е исклучително професионален. Сепак, Гроси напомена дека е исклучително загрижен за нуклеарната електрана поради гранатирањата на истата.

    Во меѓувреме, украинскиот оператор на нуклеарната електрана „Енергоатом“ потенцира дека мисијата на МААЕ мора да посочи оти присуството на војска и оружје во самиот објект е реална опасност по нуклеарната безбедност, пишува Гардијан. Од „Енергоатом“ велат дека нуклеарната електрана треба да биде вратена под нивна контрола за да се спроведе извештајот и препораките од мисијата на МААЕ.

    Инаку, украинските власти тврдат дека дури и да не работи нуклеарната електрана во Запорижја во текот на зимата, Украина има капацитет за да ја мине претстојната грејна сезона и без неа, пишува Укринформ. Вадим Денисенко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи вели дека целта на руските сили е јасна – со заземањето на двете нуклеарни електрани во јужна Украина да се изврши енергетски колапс на барем половина од територијата на Украина.

    Британското Министерство за одбрана во најновиот извештај наведува дека жестоките борби продолжуваат во јужните делови на Украина. Притоа, имало и гранатирање на градот Енергодар кој се наоѓа во близина на нуклеарната електрана во Запорижја, пишува Гардијан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img