More

    Растот е резултат на повисоките плати во градежништвото и трговијата

    spot_img

    Просечната нето-плата лани во декември пораснала за 5,8 отсто во однос на  декември 202о година и изнесувала 29.943 денари, пресмета Државниот завод за статистика.

    Зголемувањето, пред сѐ, се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: „транспорт и складирање“ за 13,1 отсто, „градежништво“ за 12,6 и „трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли“ за 12,1 отсто.

    Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: „дејности во врска со недвижен имот“ за 10,4 отсто, „финансиски дејности и дејности на осигурување“ за 9,1 и „градежништво“ за 7,6 отсто.

    Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, по вработен, во декември 2021 година, изнесува 44.711 денари и е зголемена за 5,9 отсто во споредба со истиот месец од 2020 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img