More

    Раниот топлотен бран во Европа е знак дека глобалното затоплување продолжува

    spot_img

    Деновиве Европа, од Медитеранот до Северното Море, ја зафати топлотен бран со температури повисоки од просечните за овој период од годината.

    Метеоролозите велат дека топлотниот бран дошол невообичаено рано и дека тоа е знак дека глобалното затоплување продолжува.

    Температурите во мај и јуни достигнуваат височини кои претходно беа вообичаени во Европа во топлите денови јули и август.

    „Во некои делови на Шпанија и Франција, температурите се 10 степени над просекот за овој период од годината“, изјави Клер Нулис, портпарол на Светската метеоролошка организација во Женева.

    Во Франција се издадени предупредувања за шумски пожар. Во текот на минатата недела температурата во таа земја надмина 39 степени, а невообичаено топло е и ноќе.

    Велика Британија го забележа и најтоплиот ден во годината досега со температури од 32,4 степени Целзиусови.

    Во Германија веќе има работа за пожарникари кои деновиве гаснеа неколку шумски пожари во близина на Берлин, а најавено е дека горештините ќе продолжат и во текот на викендот.

    Експертите велат дека глобалното затоплување веќе влијае на врнежите и испарувањето, што има особено негативно влијание врз земјоделството, индустријата и дивиот свет.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img