More

    Рама: Ќе ја артикулираме „втората лига“ во Европа

    spot_img

    Албанскиот премиер Еди Рама, кој е во официјална посета на Холандија, најави дека заедно со таа земја подготвува нов предлог за ЕУ. Тој објасни дека предлогот ќе биде артикулација на идејата на Емануел Макрон за европска „втора лига“.

    – Албанија, заедно со Холандија, ќе подготви свој предлог со цел да ја артикулира идејата на францускиот претседател за нова европска политичка заедница на полето на реалниот европски живот. Ова е нова идеја за генерирање нова европска енергија и моќ, без (да биде) замена или заобиколување на процесот на проширување на Европската унија – потенцира Рама.

    Албанскиот премиер додаде дека идејата за предлогот настанала при неговата посета на Хаг.

    – Идејата за албанско-холандскиот предлог оживеа токму за време на посетата на Хаг, каде што високо ја ценат работата и достигнувањата на Албанија, како и нашиот критички придонес на масата на Европскиот совет. Премиерот Марк Руте ме замоли заедно, како две пријателски земји, едната во корените на ЕУ, другата која сè уште не е во ЕУ, да запишеме заедничка гледна точка за тоа како треба идејата за нова европска политичка заедница да се спроведе – додаде Рама.

    Тој додаде дека тоа до пред неколку години било незамисливо за Албанија на меѓународната политичка сцена и пошироко.

    – Ќе работиме со премиерот Руте и нашите тимови за да поттикнеме конструктивна и продуктивна дебата за Европа на сите Европејци, на Големиот самит на оваа тема во Прага, каде што ќе го претставиме и нашиот предлог – заклучи Рама.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img