More

    Рама:„Отворен Балкан“ нема процес на зачленување. Тука не се зачленуваме, туку се интегрираме, според своја желба

    spot_img

    „За оние кои поставуваат прашања за влегувањето или излегувањето од „Отворен Балкан“. За среќа „Отворен Балкан“ не е ниту ОН, ниту ЕУ. „Отворен Балкан“ нема процес на зачленување. Тука не се зачленуваме, туку се интегрираме, според своја желба“.

    Вака денеска изјави албанскиот претседател Еди Рама во Охрид по потпишувањето на неколкуте договори и меморандуми меѓу Македонија, Албанија и Србија. Според него, Отворен Балкан се роди како идеја на тројца луѓе, а денеска е на сите граѓани и ќе биде сѐ повеќе и повеќе на сѐ поголем број луѓе.

    Рама, изрази благодарност, што денеска во Охрид се петмина, без разлика на поранешните воздржувања, нагласувајќи дека тоа претставува можност за дијалог и да се добие најдоброто можно во функција на заедничкото добро.

    Би сакал да бевме шестмина, добро е што од тројца станавме петмина
    – Би сакал да бевме шестмина и сакам да бидеме шестмина, но една работа е сигурна. „Отворен Балкан“ им припаѓа на граѓаните, на државите, на иднината. „Отворен Балкан“ нема да запре и нема да се затвори. Ова е сигурна работа и кој ќе се спротивстави е осуден на неуспех и разочараност. Тој што се воздржува само губи драгоцено време за да придобие од оваа иницијатива – изјави Рама.

    Ја знаеме, нагласи Рама, историјата на војување и вртење грб едни на други во регионот од пред 100 години, но нашите деца заслужуваат да имаат простор каде сите богатства, убавини и сите различности на регионот ќе биде основа за нивната благосостојба.
    Посебна работна група ќе се справува со кризата
    Како што веќе е најавено, Рама посочи дека, ќе се формира заедничка работна група за справување со кризата и за конкретни решенија.

    – Длабоката криза, која според сите прилики, уште ќе се продлабочи и го засега не само нашиот континент, туку целиот свет, бара издржливост и посветеност на секоја држава. Се што ние можеме да направиме е да го олесниме товарот на секоја од нашите држави, благодарение на соработката меѓу нашите држави, што е нешто исклучително потребно во овој момент – изјави Рама.

    Поради ова, тој нагласи, дека заедничката група ќе започне веднаш со работа.

    – Почнувајќи во јули, со една средба за соочување со предлозите на работната група, а потоа во септември во Белград, каде што ќе биде првото издание на Саемот за вино и храна на „Отворен Балкан“, каде ќе бидат повикани сите бизниси и граѓани – изјави Рама.

    Следниот самит ќе биде во Албанија
    Следниот самит, рече тој, ќе биде за енергетската сигурност, кој ќе се одржи во Албанија.

    – Се знае дека Албанија денес е многу важна точка за регионот во смисла на снабдување со електрична енергија, а од друга страна имаме многу можности да бидеме комплементарни едни со други поради различните извори на енергија. Потоа е за транспортното поврзување и за туризмот во Црна Гора, за да имаме што повеќе синергија – изјави Рама.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img