More

    Ракометарите тргнаа на пат, ги очекуваат тешки битки во Краков

    spot_img

    Македонската ракометна делегација денеска во 11:30 часот со чартер лет заминува за полскиот град Краков каде нашата земја ќе биде дел од 28 ракометен Мундијал кој ќе се игра во Полска и Шведска.

    Кирил Лазаров и неговите момци треба да пристигнат околу 13:30 часот во Краков кој ќе биде база на националниот тим во следните седум дена.

    Селекторот Кире Лазаров вчера потврди кои 18 ракометари ќе се најдат во денешниот лет за полскиот град.

    СПИСОК НА МАКЕДОНИЈА:

    Голмани: Никола Митревски (Порто), Мартин Томовски (Вардар),

    Леви крила: Дејан Манасков (Вардар), Петар Атанасијевиќ (Е. Пелистер 2),

    Леви бекови: Филип Талески (Вардар), Иван Џонов (Т. Пролет),

    Среден бек: Филип Кузмановски (Хановер), Игор Ѓоргиев (Алкалоид), Павле Атанасијевиќ (Е. Пелистер),

    Десен бек: Томислав Јагуриновски (Т. Пролет), Мартин Серафимов (Алкалоид),

    Десно крило: Гоце Георгиевски (Вардар), Ненад Костески (Е. Пелистер),

    Пикери: Никола Маркоски (Алкалоид), Жарко Пешевски (Е. Пелистер), Марко Стојковиќ (Алкалоид), Костадин Петров (Тор),

    Дефанзивец: Михајло Младеновиќ (Алкалоид).

    Покрај ракометарите и стручниот штаб, денеска и голем број на навивачи ќе тргнат на пат за одново да бидат осмиот играч на нашата репрезентација.

    Македонија ќе биде во група со Норвешка, Аргентина и Холандија, а првиот натпревар е утре против Норвежаните од 20:30 часот. Следниот натпревар нашите ракометари го играат на 15 јануари од 18:00 часот против Холандија, а последниот дуел од групата Ф е на 17 јануари кога од 18:00 часот ќе се сретнат со Аргентина. Како што е веќе познато, првите три селекции од секој група ќе оди во главната фаза, додека последната ќе продолжи во „Президент купот“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img