More

    Раководство на земјата засега е заинтересирано за договор

    spot_img

    Иран поседува технички капацитети да создаде атомска бомба, но нема намера да направи такво нешто, изјави шефот на иранската агенција за атомска енергија, Мохамед Еслами.

    Како што пренесе новинската агенција Фарс, Еслами всушност ја повторил неодамнешната изјава на Камал Харзаи, високиот советник на врховниот лидер Али Хамнеи.

    „Иран веќе збогатува 60 отсто чист ураниум, што е далеку над поставената граница од 3,67 отсто, предвидена со Иранскиот нуклеарен договор потпишан во 2015 година со светските сили“, пренесува Ројтерс.

    За производство на атомска бомба потребно е ураниумот да е збогатен до 90 отсто.

    Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, го напушти нуклеарниот договор со Иран во 2018 година, со кој беше предвидено Техеран да сопре со збогатувањето на ураниумот, во замена за укинување на економските санкции.

    Официјалните претставници на Иран повеќе пати посочија дека се залагаат за постигнување на нов договор околу нуклеарната програма на земјата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img