More

    Ракетни напади низ Украина, Киев без вода, експлозии во хидроцентрали

    spot_img

    Ракетни напади се случуваат низ Украина, вклучувајќи го и главниот град Киев, неколку дена откако Русија ја обвини Украина за напад со беспилотни летала врз нејзината флота во Црното Море, јавува Би-Би-Си. Сирени за воздушен напад се слушаат низ земјава, а има и прекини во снабдувањето со струја и вода.

    Утринава Русија лансираше „повеќе од 50 крстосувачки ракети“ во нов голем напад врз енергетската инфраструктура на Украина, соопштија од украинските воздухопловни сили.

    „Повеќе од 50 крстаречки ракети од типот Х-101/Х-555 беа лансирани со помош на авиони Ту-95 и Ту-160 од северот на Каспиското Море и Ростовската област на Русија“, се вели во соопштението објавено на Телеграм.

    Украинските власти претходно објавија дека утринава биле извршени голем број руски ракетни напади врз важни инфраструктурни објекти во Киев, Харков и други украински градови.

    Неколку експлозии се слушнале утрово во Киев, јавуваат украинските власти и локалните медиуми.

    Дел од главниот град на Украина остана без струја и вода како резултат на нападот, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

    Како што јави Гардијан, Антон Герашченко, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, претходно изјави дека во градот одекнале најмалку три експлозии, додека 40 крстаречки проектили биле истрелани кон Украина.

    „Околу седум или осум експлозии се слушнаа рано утринава во Киев и во регионот на Киев. Причината за експлозиите сè уште не е позната“, напиша на Твитер Киев Индипендент.

    Експлозии утрово се слушнаа и во Харков.

    Градоначалникот Игор Терехов изјави дека Русија „ја погоди критичната инфраструктура во градот“.

    Киев без вода, експлозии во три хидроцентрали
    Градоначалникот на главниот град на Украина, Виталиј Кличко изјави дека по руските воени напади утринава, 80 отсто од корисниците во Киев останале без вода „поради оштетување на електраната во близина на градот“.

    Локалните власти работат на поправка на дефектот што е можно побрзо, рече градоначалникот, наредувајќи им на жителите на Киев во меѓувреме „да добијат вода од најблиските пумпи и продажни места“.

    Баражот руски удари ги погоди критичните инфраструктурни објекти во Киев и други украински градови, што доведе до прекин на снабдувањето со електрична енергија и вода во неколку области, како и прекин на јавниот превоз.

    Кличко на Телеграм напиша дека водоснабдувањето во некои делови на Киев ќе биде обновено за „три до четири часа“, а струјата веќе е вратена во еден од градските квартови.

    Украинските медиуми јавуваат дека експлозиите се случиле во три хидроцентрали – Днепар, Днестар и Кременчуг, но извештаите не даваат повеќе детали.

    Според некои извештаи, погодена е трафостаница недалеку од хидроцентралата Днепар во делот на Запорожје под контрола на Киев, што предизвика делумен прекин на снабдувањето со електрична енергија.

    Хидроцентралата Днепар е дел од поголем хидроенергетски комплекс, најголем од ваков тип во Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img