More

    Ракета на НАСА полета од центарот Екваторија лаунч во Австралија, но не се задржа долго во атмосферата

    spot_img

    Ракета на НАСА полета од центарот Екваторија лаунч во Австралија, но не се задржа долго во атмосферата. По планирате 15 минути повторно падна на земјата. Но, тоа беше доволно таа преку рентгенски синмики да ги открие тајни на соѕвездијата оддалечени 430 милиони светлосни години, вели Мајкл Џонс, извршниот директор на центарот.

    Ова е прво лансирање на НАСА надвор од САД. И не случајно од јужната хемисфера на Земјата, бидејќи само од таму истражувањето може да биде спроведено. Истражување кое треба да открие дали околните ѕвезди можат да им овозможат живот на блиските планети.

    Ова воедно беше прво лансирање во Австралија по 25 години, пишува Би-би-си. Локалните ентузијасти поминаа долг пат за да го видат лансирањето на ракетата, на која ѝ беа потребни 10 секунди за да влезе во атмосферата на Земјата.

    – Сѐ се случи додека да трепнеш, но јас го доживеав како да гледам забавена снимка бидејќи целата област едноставно беше блескава – изјави директорот на училиштето Јиркала, Меркијавуј Ганамбар-Стабс за австралиската радиодифузна корпорација.

    – Во еден момент се слушна силен татнеж, никогаш во животот не сум слушнал такво нешто. Цел се стресов – додаде тој.

    – Тоа беше голема рендгенска камера што набљудуваше различни астролошки феномени и се обидуваше да ги сними ѕвездите на Млечниот Пат, особено соѕвездието Алфа Кентаури – рече Мајкл Џонс.

    Австралија во последно време сè повеќе работи на својата вселенска програма и се обидува да биде во чекор со амбициите на Русија и Кина. Вселенскиот центар Арнем е првата и единствена локација за лансирање во комерцијална сопственост на екваторот.

    – Постигнавме извонреден подвиг. Тоа потврдува дека и Австралија може да пристапи до вселената. Ова е само почеток – рече Џонс.

    Следното лансирање се очекува да се случи на 4 јули, инаку ден на американската независност. НАСА се обврза да ги собере сите материјали и отпадоци од лансирањето и да ги врати во САД.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img