More

    Ракетата тешка 22,5 тони паднала во Индискиот Океан

    spot_img

    Кинеска ракета падна на Земјата вчера над Индискиот Океан, а НАСА наведува дека Пекинг не ги споделил „специфичните информации за траекторијата“ потребни за да се утврди каде би можеле да паднат остатоците.

    Американската вселенска команда соопшти дека ракетата „Долг марш 5Б“ повторно влегла во атмосферата на Земјата над Индискиот Океан околу 12:45 часот по локално време, но ги довела во прашање „техничките аспекти на повторното влегување, како што е потенцијалното место на расфрлање на отпадот“.

    – Сите вселенски нации треба да ги следат воспоставените најдобри практики и да го дадат својот дел за да го споделат овој тип на информации однапред за да овозможат веродостојни предвидувања за потенцијалниот ризик од удар на отпадот – рече администраторот на НАСА, Бил Нелсон.

    Тој додаде дека „тоа е од суштинско значење за одговорно користење на вселената и за обезбедување на безбедноста на луѓето овде на Земјата“.

    Корисниците на социјалните мрежи во Малезија објавија видео од објект кој личи на ракетни остатоци.

    Aerospace Corp, непрофитен истражувачки центар во близина на Лос Анџелес, финансиран од владата, рече дека е несовесно да се дозволи делот од 22,5 тони од ракетата да се врати на Земјата неконтролирано.

    Ракетата беше лансирана на 24 јули за да испорача лабораториски модул до новата кинеска вселенска станица во изградба во орбитата, што е трет лет на најмоќната кинеска ракета од нејзиното прво лансирање во 2020 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img